Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,39, односно за 2,09 отсто.
Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за три денари и ќе чини 70,5 денари за литар.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар и ќе изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,677 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,375 денари.
Facebook Коментари