(ВИДЕО): Ѓоко Танески го промовираше спотот за „Тој што во срце те носи“

- Музика
112

Ѓоко Танески денеска го промовираше спотот за неговиот актуелен хит „Тој што во срце те носи“ . Песната од неодамна е пуштена во етер и предизвика одлични реакции кај публиката и фановите на Танески кој долго време успешно опстојува на домашната музичка сцена. „Тој што во срце те носи“ е авторско дело Дамјан Лазаров (музика и аранжман) и Ана Пандевска (текст).

Спотот е снимен во Свети Наум, а го изработи Krstevski entertainment.

„Не е шега, ова е моето видео за „Тој што во срце те носи“. Благодарност до Анета, Синиша, Ѓорѓи, Мери, Дамјан, Ана, „Острово“. Се надевам ќе уживате.“- напиша Ѓоко на неговиот профил на Facebook.

Уживајте во видео приказната на оваа песна.

Strugaonline

 

Facebook Коментари