Одбојкарската репрезентација на Македонија забележа победа на Европското првенство и со 1-3 во сетови (24-26, 28-30, 25-19, 24-26) го совлада домаќинот Словенијa. Ова е важна победа која дава голема можност за нашите одбојкари да се пласираат во следната рунда. Словенаската репрезентација до сега беше непоразена, а нашите одбојкари изненадија, посебно истакнувајќи се во четвртиот сет. Најдобар во нашата екипа беше Никола Ѓорѓиев со 24 поени, додека Александар Љафтов имаше 17 поени, а кај словенечките одбојкари, најдобар беше Ален Пајенк со вкупно 19 поени.
Сега се чекаат резултатите од останатите мечеви и ќе се знае дали ќе се продолжи во нокаут-рундата која ќе се игра во Нант, Франција.
Strugaonline
фото: aрхива
Facebook Коментари