ТОП Вести

Елиф Елмас е прогласен за најдобар фудбалер во странство, ФФМ ги награди најдобрите за 2019-та

- Спорт
673

Фудбалската федерација на Македонија ги додели наградите на најуспешните фудбалери за 2019 година. Репрезентативците на Македонија, Висар Муслиу и Елиф Елмас ги освоија наградите за најдобри фудбалери во нашата земја и странство.  За најдобра фудбалерка прогласена беше Ленче Андреевска.

Легендарниот Елиф Елмас е прогласен за најдобар фудбалер во странство.

Наградата за најдобар тренер ја освои Југослав Тренчовски од Академија Пандев, а признание за животно дело доби познатиот коментатор Атанас Костовски. За најдобар судија беше прогласен  Марјан Гоцевски од Струмица.

Ова е целосната листа на награди и добитиници

Најдобар фудбалер во странство: Елиф Елмас (Наполи)

Најдобар фудбалер во Прва лига: Висар Муслиу (Шкендија)

Најдобар тренер: Југослав Тренчовски (Академија Пандев)

Најдобар стрелец: Влатко Стојановски (Ренова)

Најдобар стрелец жени: Ели Јаковска (СЦ Истатов)

Најдобра фудбалерка: Ленче Андреевска (Драгон)

Најдобар тренер жени: Илија Мандаров (Драгон)

Најдобар млад фудбалер: Џемал Ибиши (Вардар)

Најдобар стрелец младински фудбал: Флорент Рамадани (Шкендија)

Најдобра екипа младински фудбал: Шкендија

Најдобар тренер младински фудбал: Филип Деспотовски (Вардар)

Најдобар футсал играч: Тауљант Исмаили (Шкупи)

Најдобар тренер футсал: Зоран Лекиќ (Шкупи)

Најдобра репрезентација: У19 за пласман во елитните квалификации

Награда за афирмација на мак-фудбалот: Стефан Ристовски (Спортинг)

Награда за придонес во мак фудбалот: Алтрим Чура (Струга Трим Лум) и Кочо Анѓушев (Борец)

Награда за афирмија на фудбалот: Ива Пројковска (Судија), ФК Дарданет и Љупче Перински

Награда за животно дело: Атанас Костовски (коментатор)

Награда за постхумног дело: Слободан Вујчиќ-Брацо

Најдобар судија: Марјан Гоцевски

Фер плеј екипа: Академија Пандев

Strugaonline

Facebook Коментари

error: