Вечерва во Рим започнува 16-то Европско фудбалско првенство, за Македонија исклучително важно затоа што нашата репрезентација за прв пат обезбеди учество на истото.
Првиот натпревар вечерва во 21:00 часот го играат Турција и Италија на стадионот „Олимпико“ во Рим пред 16.000 гледачи.
Првиот настап на македонската репрезентација е во недела во 18:00 часот против Австрија во Букурешт. На 17-ти јуни за противник ја имаме Украина, а последниот наптревар од групната фаза нашите фудбалери ќе го играат на 21 јуни со Холандија во Амстердам.
На 16-тото Европско првенство ќе настапат вкупно 24 репрезентации, а натпреварите првпат ќе се играат во 11 земји, по повод и во чест на 60-годишнината од првото ЕП, во 1960 година. Во нокаут-фазата, од 26-ти јуни, ќе се пласираат по две првопласирани репрезентации од секоја од шесте групи и четири најдобри меѓу третопласираните. Финалето е на 11-ти јули, на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари