Македонската сениорска репрезентација оствари победа од осум голови разлика во првиот натпревар против Романија во првиот дел од квалификациите за пласман на Светското првенство 2023. Во последните 10-15 минути нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров стекнаа висока позитива која треба да се одбрани в сабота кога ќе се игра реваншот во Букурешт.

„Благодарност до сите, после ковид пандемијата прекрасно беше да се игра пред публика која ни ја даде потребната поддршка. Романија е одличен противник, јас две-три ноќи не спиев мирно. Мислам дека резултатот не е реален, во последните 15 минути бевме подобри ривали. Многу пати сме биле подобри 40-45 минути, на крајот ги губевме натпреварите. За разлика од Европското првенство, сега имавме поширока ротација, со Никола Маркоски, неколку помлади играчи, и тоа беше клучот што победивме. Треба да бидеме претпазливи на реваншот, добро го познавам селекторот Чави Пасквал, го почитувам и верувам дека тој нема да се предаде до крај во овој двомеч“. – изјави селекторот Кирил Лазаров
Возвратниот дуел се игра в сабота во 17:00 часот во Букурешт .
Facebook Коментари