Македонија вечерва го започнува настапот на СП во ракомет
Maкедонската ракометна репрезентација вечерва во Краков, Полска го започнува своето осмо учество на Светско првенство во ракомет.

Прв противник на нашата репрезентација е селекцијата на Норвешка, а натпреварот се игра вечерва во 20:30 часот.
Првичната цел на репрезентацијата на Македонија е да се мине групната фаза. Ни сме во група со Норвешка, Холандија и Аргентина. За да се оствари целта ќе треба минимум една победа. Доколку не успееме, тогаш ќе учествуваме во Президент Купот.

