Еурофарм Пелистер ја запиша првата победа во Лигата на шампионите во новата сезона
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ја запиша првата победа во Лигата на шампионите во новата сезона, откако славеше кај данската Фредериција со 25-23.

Ова е само втора победа на гостински терен во историјата на настапите на пелистерци во најелитната конкуренција (третата е остварена во квалификации).
До крајот на оваа сезона, македонскиот шампион ќе има гостувања кај Фуксе Берлин, Спортинг Лисабон и Веспрем, а дома ќе игра против Фредериција, Висла Плоцк, Динамо Букурешт и ПСЖ.
StrugaOnline

