Стружанка доминантна во Гостивар – убедлива победа од 25 гола разлика против Јехона
Во рамки на 15. коло од Првата женска ракометна лига, екипата на ЖРК Стружанка оствари убедлива гостинска победа над составот на ЖРК Јехона со резултат 11:36 (5:14).
Натпреварот се одигра вчера, 22.02.2026 година во спортската сала „Младост“ во Гостивар, каде стружанките уште од самиот почеток го наметнаа својот ритам на игра. Со цврста одбрана и брза транзиција во нападот, гостинките дојдоа до висока предност уште во првото полувреме, кое го добија со 5:14.
Во вториот дел разликата дополнително растеше, а ракометарките на Стружанка со сигурна и ефикасна игра не дозволија никакво изненадување, приведувајќи го натпреварот мирно кон крајот за конечни плус 25 голови разлика.
Најефикасна во редовите на Стружанка беше Еџе Сејадин со дури 15 погодоци. Переска Антонија постигна 5 гола, Раткушиноска Маја и Маркоска Марија реализираа по 4, Переска Тијана додаде 3, Глигороска Михаела и Билкова Бојана по 2, додека Котушеска Маја еднаш се запиша во листата на стрелци.
Кај домашниот состав на Јехона, најефикасни беа Хасани Алтина и Абдулај Бленда со по 3 постигнати голови.
Со оваа победа, ЖРК Стружанка продолжува со сигурни настапи во шампионатот и ја потврдува својата амбиција за висок пласман во завршницата од сезоната.
StrugaOnline

