Лев банер Десен банер

Македонија денеска игра против Данска за историски исчекор кон Светското првенство

Предводена од новиот селектор Гоце Седлоски, македонската фудбалска репрезентација вечер во Копенхаген ќе се соочи со Данска во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026.

Данска на мечот влегува како голем фаворит, но нашите фудбалери најавуваат максимално залагање во обид да го изненадат квалитетниот ривал.

Почетокот на натпреварот во Копенхаген е закажан за 20 часот и 45 минути.

Победникот од овој дуел, во финалето на плејофот на 31 март ќе се соочи со поуспешниот од дуелот Чешка – Република Ирска.

StrugaOnline

error: