Струга повторно домаќин на спортскиот настан „Дрим Ран 2026“, пријавите за учество се официјално отворени
Струга повторно ќе биде домаќин на спортски настан кој го обединува градот – трката „Дрим Ран 2026“, а пријавите за учество се официјално отворени.
Настанот е во организација на Здружението на граѓани „Дрим Актив“, кое стои зад реализацијата на оваа спортска приказна.
По успешното прво издание, оваа година трката се враќа со уште поголема енергија и ентузијазам, нудејќи можност за учество на сите љубители на спортот и рекреацијата.
Учесниците ќе можат да изберат помеѓу три категории:
Tрим и Лум трка на 10 километри
Рекреативна трка на 5 километри
Боград детска трка
Настанот ќе се одржи на 05 и 06 септември 2026 година во Струга, со старт и финиш во централното градско подрачје.
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани навреме да се пријават и да бидат дел од спортската приказна која има за цел да го промовира здравиот начин на живот, заедништвото и позитивната енергија.
Пријавувањето е веќе отворено и може да се изврши преку официјалната веб-страница:
www.drimrun.mk
Со ова, Струга уште еднаш се позиционира како град кој го поддржува спортот и активниот живот.
StrugaOnline

