D’Reamers го промовираат шестиот сингл насловен како ,,Сонувај“

- Музика
203

Есента е тука и време е за креативност. Токму тоа го докажаа членовите на D’Reamers преку нивниот нов шести сингл „Сонувај“.

Музиката и текстот се на Синиша Карафилоски, вокалната интерпретација е на Јордан Џејмс Ивановски, а и во оваа песна во самата добитна комбинација се јавуваат Дамир Пух и Наташа Миха односно GreenRoom Sound студио како продуцент и аранжман на самата мелодија, а исто така за видео записот се погрижи ProCam студио.

– Идејата за ова музичко дело е токму доловувањето на самата есенска атмосфера, шареноликоста која оваа земја ја нуди во тој временски период во годината, а Синиша и Џејмс раскажаа дека токму есента е најубавиот период во годината кога креативноста е на највисоко ниво и прави разлика во самата музика како уметност. Како протагонист во самиот музички запис се јавува преубавата Калина Трајковска која не го криеше своето задоволство во партиципирањето на самиот видео запис, велат од бендот.

D’Reamers откриваат дека ова е нивна шеста песна од предвидените десет со кои ќе го заокружат првиот албум.

Facebook Коментари