Вардар загуби од Порто на гостувањето во Португалија

- Спорт
355

Ракометарите на Вардар 1961 се враќаат од Португалија без бодови од дуелот со Порто, иако во еден дел од натпреварот имаа и водство, а во самата завршница и шанса да освојат или да бидат во сериозна шанса да освојат бод. На крајот средбата заврши со триумф на домашниот тим до 27-24 (13-13).

Вардар 1961 го отвори натпреварот многу умно, храбро и мотивирано. По почетните 2-0, брзо за седум минути стигна до плус четири и водеше со 5-1.

Потоа следуваа осум минути во кои се играше тешко во нападот. Вардарци промашуваа, а противникот казнуваше и во 15 минута Порто го израмни резултатот на 5-5. Вардар 1961 остана во предност и после израмнувањето и повторно дојде до позитива, сега од „плус 3″ за водство 8-5, но ракометарите на Порто брзо се вратија во игра и ја стопија предноста на Вардар.

Повторно израмнија, 9-9, а 25 минита првпат имаа водство, 11-10, а потоа и 12-10. Имавме проблем со шутевите од бековската линија, па пред крај на првото полувреме влезе во игра и Васко Шеваљевиќ, новото засилување кој го постигна првиот од вкупно четирите голови. Во последните секунди Марко Вујин постигна гол со кој го израмни резултатот на 13-13.

Домашните форсираа многу играње „7-6″ а Вардар во повеќе наврати тоа го користеше за да пресече топка и да постигне гол. Но, Порто имаше екстремно брзи крилни играчи, па откако Митревски ќе одбранеше „за час” топката веќе беше префрлена преку центар и беше загрозена голот на Ристовски. Неколку одбиени топки од Ристовски завршија во рацете на играчите на Порто, па домашните кога требаше постигнуваа голови за одржување во игра или за резултатско одлепување.

Вториот дел беше отворен лошо. Тимот на Порто брзо постигна 4 гола за пет минути, а во 38 минута веќе имавме негатива од 15-19. Порто можеби се понадева дека работата е готова, но Вардар за девет минути со двата гола на Шеваљевиќ, трите на Дибиров и едена на Јотиќ пак беше конкурентен и намали на 20-21.
Тоа е период во кој Вардар две шанси да израмни, но Јотиќ и Вујин не реализираа.

Вардар 1961 останува на 8 место во А групата со 3 бода од шест натпревари, еден помалку од ПИК Сегед и Елверум.

Следната недела вардарци ќе имаат две гостувања. Прво патуваат за Париз кај ПСЖ, а од таму продолжуваат за Германија каде треба да му гостуваат на Флензбург.

Извор и фото: РК Вардар 1961

Facebook Коментари