(ВИДЕО): Папаз и Танче ја преработија песната „Што да правам, што да чинам”

- Музика
151
Папаз и Танче после двете авторски нумери „Спомени и „Нели бевме, во која гостуваше актерката Марија Димитрова, во етер ја пуштаат преработката на преубавата македонска народната песна – „Што да правам, што да чинам, која исто така е дел од нивниот заеднички албум Елегија.

Песната е преработена во soul, smoot jazz стил, работена е во студиото на Танче Гроздановски.

Саксофонго свири Папаз, гитарата, аранжманот и продукцијата се на Танче, пијано свири Иван Еминовиќ.

Наскоро по објавувањето на оваа преработка, следува промоција на албумот Елегија, koj дигиталнќе биде  дистрибуиран од страна на хрватскатата музичка продукција Менарт.

На него ќе се најдат осум композиции, четири авторски и четири преработки на македонски изворни песни.

 

Strugaonline

 

Facebook Коментари