Влатко Стефановски и Александар Масевски ја промовираат песната ,,Лесно“

- Музика
97
,,Лесно“ е насловот на песната која произлезе од соработката помеѓу врвниот гитарист Влатко Стефановски и композиторот Александар Максевски.
-Оваа спонтана соработка на обострано задоволство вроди со музичка креација која е лесно слушлива и има модерен призвук, а карактеристичниот звук на гитарата на Стефановски, како и неговата изведба ги прикажува во малку поинакво светло.-вели Александар Масевски.
Влатко Стефаноски пак, работи на нов албум со наслов „Muscle Memory“, што како што најави во едно хрватско шоу, ќе излезе за неколку месеци.
Истовремено, виртуозот на гитара пишува и автобиографија.
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари