Бразил ја совлада Србија со 2:0

- Спорт
281

Фудбалерите на Бразил со одлична игра во второто полувреме  ја совладаа Србија со 2:0 (0:0) во првиот осминафинален натпревар од групата Г на Светското првенство што се одржува во Катар.

Стрелец на двата голови што и донесоа победа на Бразилската репрезентација беше Ришарлисон, во 62-та и 72-та минута

После одличниот  почеток за Бразил,  Србија својата  шанса ќе ја бара во дуелите против Камерун и Швајцарија.

Во второто коло, во понеделник на 28 ноември, Камерун ќе игра со Србија, а Бразил со Швајцарија.

Facebook Коментари