Еурофарм Пелистер загуби на гости од Рајн Некар

- Спорт
386

Екипата на Еурофарм Пелистер загуби од тимот на Рајн Некар со 20:28. Во првиот дел домаќините водеа со разлика од 2 до 3 гола, а  битолчани успеваа да го следат ритамот на игра и беа на потребното ниво за евентуална можност за победа.  Најголемата разлика беше четири гола, но на одмор се замина со 14:11 во корист на Рајн Некар. Во вториот дел од натпреварот Рајн Некар ја презеде контролата, имаше период кога Еурофарм Пелистер беше без погодок  13 минути. На крај домаќините само ја потврдија фаворитската улога и славеа со 8 голови разлика.

Strugaonline

фото: Еурофарм Пелистер

Facebook Коментари