Еурофарм Работник во драматичен натпревар загуби од Кокс

- Спорт
719

Еурофарм Работник загуби од селекцијата на Кокс со резултат 23:21 на гостински терен во Финска во рамки на натпреварите од Лигата на шампионите.

Публиката имаше можност да проследи драматичен и возбудлив натпревар во кој битолскиот тим држеше темпо во поголем дел од натпреварот, но не доволно за победа.

Брзата игра во второто полувреме донесе серија грешки на нашите претставници во лигата, а ракометарите на Кокс сето тоа знаеа како да го свртат во своја корист и на крај славеа со два гола разлика.

Во екипата на Еурофарм Работник најдобри беа Јотиќ со постигнети 5 и Остроушко со 4 погодоци. Во редовите на Кокс најдобар стрелец беше Таминен со шест погодоци.

Еурофарм сега е на  последната позиција на табелата со четири освоени бода.

Strugaonline

Facebook Коментари