Извлечени се четвртфиналните групи во ракометниот Куп на Македонија

- Спорт
88

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени четвртфиналните групи во Купот на Македонија.

Бранителот на трофејот, екипата на Вардар, ќе се соочи со Охрид, Скопје 2020 и Јуниор Кисела Вода. Вицешампионот Еурофарм Пелистер е во група со Тиквеш, Струга и Куманово.

Во групата 3  се Бутел и Алкалоид, заедно со Прилеп и Вардар Неготино. Групата 2 ја сочинуваат Еурофарм Пелистер 2, Радовиш, Тинекс Пролет и Голден Арт.

Натпреварите се играат на 17-ти. и 18-ти март.  Завршниот турнир на кој ќе играат четирите најдобри ќе се одигра на 14-ти и 15-ти мај 2023 година.

Facebook Коментари