Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе се бори за златото на Олимписките игри во Токио

- Спорт
93
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски ќе се бори за златото во категоријата над 80 килограми на Олимписките игри во Токио.
Во полуфиналето, Георгиевски ја забележа својата најубедлива победа во досегашниот дел од турнирот, совладувајќи го Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6.
На патот до полуфиналето, Георгиевски ги совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо од Куба со 11:8 и репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4.
Дваесет и двегодишниот Георгиевски е единствениот македонски спортист кој со норма се пласираше на Олимписките игри во Токио.
Финалето е во 14:45 часот а последна пречка за олимпиското злато ќе биде Русинот Владислав Ларин.
StrugaOnline

Facebook Коментари