РФМ: Со сите сили одиме на трета среќа, Македонија денеска го игра клучниот натпревар на СП

- Спорт
449

Македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе го одигра најважниот натпревар на СП 2023  против селекцијата на Аргентина  во кој ќе се бори за победа која би значела пласман во вториот круг, откако загуби во првите два натпревари против Норвешка и Холандија.

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение за јавност изрази благодарност до сите навивачи кои ги бодрат ракометарите во Краков и испрати молба до медиумите изјави од ракометарите да не се вадат од контекст, затоа што, како што велат, сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи, никому нема да донесат добро.

,,Ракометната репрезентација на Македонија учествува на осмо светско првенство, дванаесетто големо натпреварување во низа. Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата.
Поразите болат и навистина ни е жал што до сега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч!
Пред клучниот натпревар на ова првенство, против селекцијата на Аргентина, би сакале да се заблагодариме на македонските медиуми за поддршката и љубезно да замолиме да не се вадат изјавите на играчите од контекст.
Тешко е за сите, особено за оние кои се на првите борбени линии, а сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи, никому нема да донесат добро.
Тимот е сложен; пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа: СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!,,-се вели во соопштението од РФМ.
Strugaonline
фото: РФМ

Facebook Коментари