Стружанецот Велко Маркоски ќе го пропушти ЕП поради повреда

- Спорт
505

Направените прегледи потврдиле дека  главниот дефанзивец во Македонија,  стружанецот Велко Маркоски, ќе го пропушти Европското првенство. – пренесе 24 rakomet

Повредата на окото е сериозна и тој не смее да има дополнителни напори најмалку две до три недели што значи дека ќе мора да мирува најмалку до крајот на овој месец. Воедно со ова Македонија останува без еден од најквалитетните ракометари во тимот и главен командант на одбраната.

Ова значи дека Брестовац ќе мора да комбинира со оние играчи коишто ги има и нема да може да смета на Велко Маркоски ниту доколку Македонија се пласира во вториот круг. Маркоски мора да мирува до крај на јануари

Извор: 24 ракомет

фото: архива

Facebook Коментари