Започнува Европското првенство во ракомет 2020

- Спорт
1909
Денеска започнува Европското првенство во ракомет, домаќини се Шведска, Австрија и Норвешка.
Првиот натпревар ќе се игра во 18 и 15 часот помеѓу селекциите на Белорусија и Србија, а во терминот од 20 и 30 часот играат Хрватска и Црна Гора.
Македонската репрезентација првиот меч го игра утре со репрезентацијата на Украина во вечерниот термин од 20:30 часот.
Два дена подоцна (недела – 12 јануари, 16:00 часот) за противник ќе ја имаме Чешка додека на 14 јануари (вторник од 18:15 часот) за противник ќе ја имаме домашната селекција на Австрија.
Пренос на натпреварите ќе врши Тв Телма
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари