Вардар денеска се сретнува со Кил во ЛШ, МТВ ќе ги пренесува само домашните натпревари

- Спорт
490

Ракометарите на Вардар денеска ќе го играат првиот официјален натпревар во 2020 година, противник на нашите ракометари е екипата на Кил, во рамките на 11-то кол од ЛШ. Што се однесува до можностите на гледачите во земјава,  спортската редакција на Македонската телевизија  објави дека во продолжение од сезоната ќе ги пренесува само домашните натпревари на Вардар од Лигата на шампионите.

Така, националниот сервис ќе го пренесува натпреварот со Мотор на 15 февруари и Монпелје на 29 февруари.

За гостинските натпревари против Порто и Кил, љубителите на ракометот ќе мора да се снаоѓаат со други ТВ канали кои пренесуваат дуели од Лигата на шампионите или со линкови од интернет.
Натпреварот Вардар-Кил е закажан за вечерва во 19:00 часот
Strugaonline

Facebook Коментари