Вардар победи во Веспрем и останува лидер во ЛШ

- Спорт
629

Уште еден рекорд е впишан во книгата на Вардар, откако првпат се враќаaт со триумф од Унгарија од гостувањето кај Веспрем. На пет натпревари во серија успеaa да освојувaaт бодови на нивните дуели со унгарскиот тим, а овојпат победија со 27-25 (13-11). Со двата бода, Вардарци остануваат на лидерското место во групата од Лигата на шампионите пред следниот домашен натпревар против Рајн Некар.

Дуелите со Веспрем секогаш биле неизвесни, а ривалството трае уште од дуелите во СЕХА лигата.

Натпреварот тргна одлично и во полза на Вардар уште во првото полувреме кога во два наврати имаа предност од „плус 5″ гола, за водство 6-1 и 7-12. Никој во салата во Веспреме не очекуваше таков почеток, а Вардарци играа лесно и без притисок. На полувреме  резултатот беше 13-11.

Во второто полувреме Веспрем се врати во игра, израмни па и поведе. Во игра на нерви, незивесност за секоја топка и во секој напад, Вардар покажа добра мотивација и пред се трпеливост. На секоја игра на противникот Вардарци имаа решение, па и кога Веспрем водеше со два гола успеаа да се вратат. Во последните минути нашите ракометари водеа со 25-24, а тогаш домашните не искористија еден напад по што Вардарци погодија два пати за ново водство од 27-24. Сѐ беше решено, па на крај иако Веспрем погоди бодовите отидоа кај Вардар

Веспрем – ВАРДАР 25-27 (11-13)

ВАРДАР: Милосављев (12 одбрани), Кизиќ, Оцвирк, Поповски, Кристопанс 4, Фереира 3, Карачиќ 1, Скубе 2, Калараш 1, Чупиќ 4, Дибиров 6, Шишкарев 1, Борозан 5, Војводиќ, Кисељев, Мишевски.

Извор и фото: РК Вардар

 

Facebook Коментари