Владата на 73-та седница: Пријателскиот натпревар на Македонската фудбалска репрезентација со Словенија на 1 јуни ќе се игра со 30 проценти присуство на публика

- Спорт
367
Владата на Република Северна Македонија преку видеоконференциска интернет врска ја одржа редовната 73-та седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Во знак на поддршка на Македонската фудбалска репрезентација, која за прв пат се пласираше на Европското првенство и која на 1 јуни ќе одржи подготвителен пријателски натпревар, членовите на Владата, на седницата донесоа Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари, односно подготвителниот натпревар кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје да се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините. За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада.
Strugaonline

Facebook Коментари