Во понеделник започнува пријавувањето за петтиот „Ракометен камп Кирил Лазаров 7“

- Спорт
708

Од 19.06.2019 до 01.07.2019 во Охрид по пети пат преку 350 деца од Македонија и Европа ќе учат ракомет и ќе живеат заедно со Лазаров и неговиот тим како едно огромно семејство.

Мал јубилеј но значаен заради приматот кој го добива овој камп не само на далечина од 1000 км на сите четири страни од нашава Македонија туку и многу подалеку. Одлична организација, професионална реализација на богатите содржини кои од година во година дoбиваат на квалитет и секако најсилната причина за камп од светски ранг е 24 часовното присуство на најдобриот стрелец на планетава во тие 14 дена.

Од понеделник 04.02.2019 официјално започнува пријавувањето (ПРИЈАВА), а организаторите, агенцијата КМГ СПОРТ, очекуваат потполнување на бројот на учесници во рекорден рок. Според програмата која е предвидена сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, дружење и многу забава. Во поглед на организацијата секое дете но и тренер ќе подлежи на спортски медицински преглед од страна на тимот на д-р Жан Митрев, чија медицинска екипа ќе биде и 24 часовно медицинско обезбедување на кампот. Организиран превоз за сите учесници од Македонија, осигурување од несакани повреди, опрема од брендот “Хумел” чие заштитно лице веќе неколку години е Лазаров. Седум дена во хотелот “Аквалина” кој има идеална инфраструктура и содржини за реализација на спортски кампови и подготовки на спортисти професионалци.

Кампот на капитенот своето прво лето го имаше во 2015 година со учество на 150 деца само од Македонија, што беше и првичната замисла на неговиот идеен творец Лазаров. Но, името и големите достигнувања на Кирил во светски рамки беа во фокусот на интересот и на децата надвор од границите на Македонија. Млади групи ракометари од Данска, Шветска, Романија, Словенија, Босна, Шпанија, Србија дојдоа во Охрид да учат од најдобриот десен бек на светот.

Извор и фото: kl7.mk

 

Facebook Коментари