Мерко и Сугаревски полемизираа за контрола над стопанисувањето и концесиите за плажите во Струга

- Локални
300

И локалната и централата власт сакаат да имаат контрола над стопанисувањето и концесиите за плажите во Струга. За своите ставови на оваа тема, градоначалникот Рамис Мерко и Министерот за транспорт и  врски Горан Сугаревски полемизираа во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на Тв Телма.

Мерко истакна дека за него е понижување одземањето на ингеренциите со плажите на Охридското Езеро.Тој додаде дека не ја отфрла можноста да се откаже од функцијата.

– Јас сум градоначалник три мандати и добро ги знам моите ингеренции. Имаме човечки ресурси кои можат да ја завршат работата. Ова е многу мала проблематика и е ништовна за да ја презема централната власт. Јас мислам дека централната власт, односно министерството за транспорт и врски за да може да се справи со овој проблем, мора да соработува со локалната власт. Не може од Скопје да се диктира состојбата во Струга. Никој не е дојден на лице место. Ако нема соработка помеѓу централната и локалната власт, нема напредок. Проблемот не е само во Струга, одете во Охрид да видите како се гради хотел во вода кај „Синдикални“, изјави Мерко.

Мерко обвини дека се враќаат плажи на претходни сопственици, на што министерот Сугарески истакна дена денационализацијата ја врши Министерството за финансии.

Министерот Сугарески го истакна проблемот со истечените договори за плажите на досегашните концесионери, на што Мерко рече дека постојаните изборни циклуси се проблем за започнување на постапката за издавање на плажите. Тој обвини дека советниците во Струга се проблем за започнување на постапката и дека токму тие не сакаат да има концесии на плажите.

– Советниците некој ги води. Тоа се партиите, а целта е ситуацијата да остане непроменета, додаде Мерко.

Според него станува збор за меѓуетнички проблем и дека состојбата е таква затоа што плажите биле концесионирани од Албанци.

За темата околу продолжувањето на договорите на досегашните концесионери, министерот Сугарески истакна дека се` што е легално ќе остане во досегашната состојба.

– Посебна комисија ќе направи увид на состојбата. Ако има неправилности ќе бидат нотирани, напомена Сугарески.

Целиот разговор можете да го проследите на следниов ЛИНК

Извор: ТВ Телма

Facebook Коментари