Јувентус спектакуларно славеше над Атлетико Мадрид, Кристијано Роналдо е херојот на натпреварот

- Спорт
544

Италијанскиот шампион Јувентус направи чудо и се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампиони, откако го победи со 3:0 Атлетико Мадрид во Торино. Така, со вкупен резултат од 3:2, Јувентус оди во следната фаза. Херој за домаќините беше Кристијано Роналдо, кој постигна „хет-трик“ во мрежата на Шпанците.

Многу силен дуел одиграа уште дебитантот во турнирот Леонардо Спинацола и Федерико Бернардески, кој се пријави со асистенција и го изработи пеналот, од кој Роналдо го постигна последниот погодок во големиот судир. Така, за прв пат во својата историја, Јувентус продолжува понатаму откако го изгубил првиот натпревар со 0:2. Тимот од Торино ќе го дознае својот следен ривал во петокот, кога ќе се одржи ждребот. Манчестер Сити пак го уништи Шалке 04, откако му постигна неверојатни 7 гола. На овој начин, Манчестер Сити ги елиминираа Шалке 04 од Лигата на шампионите по вкупен резултат од 10:2 по двата натпревари и на крај тимот се квалификуваше за четвртфиналето на турнирот.

Facebook Коментари