Прв Социо-здравствен саем во Охрид – фокус на превенција, здравје и социјална грижа
Во организација на Здружението на лица со дијабет од Охрид, од 3 до 5 април 2026 година во Охрид се одржа првиот Социо-здравствен саем, на кој учество зедоа околу 50 учесници. На настанот беа претставени повеќе здруженија од областа на социјалната заштита, како и неколку здравствени институции.
Активно учество на саемот зеде и ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид, која се вклучи и во панел-дискусиите и во практичниот дел преку свој штанд. Посетителите имаа можност да добијат бесплатни здравствени прегледи, вклучувајќи мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.
Покрај тоа, беа обезбедени консултации со лекари и стручни лица, како и корисни совети за здрав начин на живот и правилна исхрана, со посебен акцент на превенцијата и контролата на хроничните заболувања.
ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид упатија благодарност до сите учесници и поддржувачи на настанот, со надеж дека овој Социо-здравствен саем ќе прерасне во традиционална манифестација која ќе придонесува за подигање на свеста за здравјето и социјалната грижа во заедницата.
StrugaOnline

