Секој ден од неделата е поволен за одредени активности – кога и што треба да правите?

- Занимливо
870

Според астрологијата секој ден во неделата претставува една планета и има своја моќ и квалитет, па така, станува погоден за одредени планови и акции.

Понеделник – Ден на Месечината

Понеделник е ден погоден за зачнување и симболизира плодност. Исто така понеделникот е добар  за донесување одлуки кои имаат врска со емоциите, а токму Месечината во понеделник ве прави поемотивни.

Вторник – ден Марс

Вторник е ден кој симболизира енергија, поволен ден ако сакате нешто да продадете или да купите. Доколку сакате да го промените начинот на исхрана или да започнете со спортски активности , вторник е идеален ден.

Среда – ден Меркур

Направете планови за вашите обврски во наредните денови, за истите консултирајте се и со вашите блиски, но никако не почнувајте со реализација на тие планови. Овој ден е идеален за планирање и креативност, но не и за акција.

Четврток – Ден Јупитер

Најчесто во четврток се трошат многу пари, доколку патувате или излегувате некаде, размислете добро колку и на што трошите пари. Четврток е ден за медитација бидејќи тогаш имате најбистра интуиција.

Петок- ден Венера

Петок е ден поволен за љубов и романтика. Исто така, петокот е поволен и за луѓето кои бараат емотивен партнер/ка. Ако планирате венчавка тогаш пожелно е да се венчате во петок.

Сабота-ден Сатурн

Ако започнете некој проект во сабота, тогаш можно е неговата реализација да се оддолжи бидејќи саботата е симбол за недовршени работи. Но, овој ден има и свои предности бидејќи дава трпение и истрајност на професионален план. Ако склопите пријателство или преговарате за работа во сабота, на крај најчесто имате позитивен исход.

Недела – ден Сонце

Идеален ден за одмарање и опуштење како и за дружење со пријатели. Во недела треба да правите работи кои ве забавуваат и собирајте енергија.

 

Facebook Коментари