Mинистерот Бектеши додели признанија на најуспешните туристички работници по повод Светскиот ден на туризмот

- Македонија
3681

Честитајќи им го Светскиот ден на туризмот – 27 Септември на традиционалната манифестација што Министерството за економија ја организира секоја година, министерот за економија Крешник Бектеши додели над 50 признанија за најуспешните поединци, здруженија и деловни субјекти од туристичкиот сектор, во повеќе различни категории како: хотел, со поткатегориите: спа, градски, езерски, планински и нова инвестиција; ресторан; сместувачки капацитет од физичко лице; туристичка агенција генерално и  агенција за дојдовен туризам; туроператори; манифестација; туристички водич, како и најдобар проект од областа на туризмот.

Министерот Бектеши се заблагодари на сите чинители од стопанскиот, научниот и културно-општествениот живот во Република Македонија, кои на директен или индиректен начин со своето професионално делување имаат влијание врз развојот на туризмот во земјава: „Минатата година ја завршивме со бројка од вкупно 998.841 туристи и 2,8 милиони ноќевања. Во првото полугодие од оваа година бројот на туристите е зголемен за 16.4 %, а само во јуни имаме зголемување на туристите за 20.7 %. Изразено во апсолутни бројки, во првото полугодие влегле вкупно 433.361 турист, односно имаме вкупно 923.855 остварени ноќевања. На прагот сме на своевиден рекорд од осамостојувањето до денес –  до крајот на годината да ја надминеме бројката од 1 милион туристи и да оствариме 3 милиони ноќевања! Значи, наместо до 2020, ние предвреме ќе ја оствариме зацртаната цел“.

Според него, статистичките податоци се уште еден сигнал дека политиките се одлично поставени, но ќе мора уште да се работи бидејќи целите се многу поамбициозни.

„Нашата цел е Република Македонија да биде на мапата на сите позначајни туристички извозни земји во регионот, Европа, па и пошироко. Искуствата на другите земји говорат дека по влегувањето во НАТО и ЕУ дошло до драстично зголемување на нивото на инвестиции, како и бројот на туристи. Влезот на Република Македонија во НАТО ќе значи поголема сигурност и безбедност за светкиот турист, но и засилени инвестиции во туристичката инфраструктура, што ќе придонесе за уште поинтензивен развој на туристичкиот сектор. Со отворените врати кон Европа, нашите амбициозни цели можат да станат реалност во многу скоро време“, истакна Бектеши.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, ги сподели со присутните резултатите од стратешките проекти и мерките за поддршка и туристичка промоција кои се дел од надлежноста на оваа институција.

„Резултатите од досегашното работење направија македонскиот туристички производ да стане конкурентен на светскиот пазар, а со тоа и да се зголеми туристичкиот промет во државава. Порастот во бројот на туристи и ноќевања се одрази и во пораст на девизниот прилив од ставка туризам. НБРМ за првиот квартал од 2018 година регистрира пораст на девизниот прилив од туризам од 26,5%, споредено со истиот период лани. Очекувањата на АППТ за 2018 година се бројот на туристи да достигне до 1,2 милиони, 3,2 милиони ноќевања и девизен прилив до 24 милијарди денари. АППТ водејќи се од својата заложба за континуиран развој, унапредување и афирмација на туризмот, а имајќи ги предвид предностите и економската корист од развојот на оваа индустрија, инвестира и работи на реализација на програмски активности за да овозможи подобра и поефикасна туристичка понуда“, рече Јаневски.

Што се однесува до признанијата, за првпат годинава, покрај туристичките работници преку своите деловни здруженија,  предлози за најуспешните во споменатите категории можеа да даваат и самите потрошувачи, поточно туристите, согласно распишаниот конкурс кој траеше до 9 септември.

Листа на добитните на признанија

Категорија хотели:

Поткатегорија  „Најуспешни градски хотели”

Мериот – Скопје

Парк – Скопје

Аполонија – Гевгелија

Вила Парк – Струмица

Поткатегорија  „Најуспешни СПА хотели”

ТЦЦ- Гранд Плаза – Скопје

Изгрев – Струга

Буши Ресорт & Спа – Скопје  – Bushi Resort & Spa – Shkup

Сириус – Струмица

Поткатегорија  „Најуспешни хотели за планински туризам”

Аурора –ресорт – Берово

Бел Камен –Радовиш

Радика- Маврово

Скардус- Попова Шапка

Поткатегорија  „Најуспешни хотели за езерски туризам”

Макпетрол – Струга

Лаки Хотел и Спа – Охрид

Силекс– Охрид

Хит- Дојран

Поткатегорија – „Нова туристичка понуда во делот на хотелиерството”

УНИК – Охрид

Панорамика – Скопје

Меркур – Тетово

Мирор – Скопје

Поткатегорија – „Нова туристичка понуда во делот на хотелиерството”

ЈУНИК – Охрид

Панорамика – Скопје

Меркур – Тетово

Мирор – Скопје

Категорија – Најуспешен ресторан:

Пелистер – Скопје

Македонско Село – Скопје

ФОР – Скопје

Категорија: Најуспешен сместувачки капацитет од физичко лице:

Пеце Цветковски – Битола

Новко Плаканоски – Охрид

Горан Трајков – Охрид

Категорија: Најуспешна туристичка агенциија:

Фибула ер травел – Скопје

Еуросава – Скопје

Атлантис – Струмица

Фалкон травел –Скопје

Категорија: Incoming (ДОЈДОВЕН ТУРИЗАМ)

Вардар Експрес – Скопје

Атлас корпорејшен – Скопје

Бадем турс – Скопје

Категорија: СТРАНСКИ ТУРОПЕРАТОРИ

Kорендон,

ТУИ

Рего-Бис

Категорија: Најуспешна туристичка манифестација

Звуците на чаршијата – Скопје – Tingujt e çarshisë

Галичка Свадба – Галичник

Охрид колинг –Охрид

ФИФА: Уефа Супер Куп 2017

Категорија: Најдобар туристички водич

Зоран Ставревски

Зоран Таневски

Бранко Босилков

Елвир Садикович

Категорија: Најдобар реализиран проект од областа на туризмот

Академик тренинг центар

АКВА СПАРК –Дебар

Параглајдинг – Крушево

Категорија: Признание за придонес во туризмот

Проф. Д-р Нако Ташков – Факултет за туризам  Штип

Проф. Д-р Науме Мариноски – Факултет за туризам Охрид

Проф. Димитар Бојаџиевски – ПМФ, Факултет за географија – насока Туризам – Скопје

Проф. Д-р Сашко Граматниковски – Факултет за туризам и менаџмент – Скопје

 

Strugaonline

 

Facebook Коментари