„Еврофест – Чествување за незаборав на Тоше 2018“ во Крушево и Скопје

- Музика
1160

Утре и во сабота ќе се одржи 22-то  издание на Меѓународниот музички фестивал „Еврофест 2018“, овој пат во знакот на македонската поп-икона  Тоше Проески. Фестивалот во Крушево и Скопје ќе се одржи под мотото „Еврофест – Чествување за незаборав на Тоше 2018“.

Првата фестивалска вечер ќе се одржи во Амфитеатарот во Крушево, утре со почеток од 17:30 часот, додека втората фестивалска вечер насловена како „Хит мелодии“  е закажана за во сабота во Дом на АРМ во Скопје.

Што се однесува до активностите во Крушево, предвидено е положување свежо цвеќе на вечното почивалиште Тоше Проески и засадување неколку дрвја во околината на манастирот „Св. Преображение“, едно од омилените места на Тоше во Крушево.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари