ДНК и Таско ja промовираат новата песна насловена како ,,Лава“

- Забава
617

„Лава“ е насловот на новиот сингл на ДНК и Таско, соработка потпишана од Панчо, Лазар Цветкоски и Таско. Имено, музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Таско, текстот е со потписот на Панчо и Таско, битот е на Hyper & Boksa, кои заедно со Лазе стојат и зад аранжманот, а токму во неговото студио  темата е и е снимена, мастеризирана и продуцирана.

Веќе стандардно песната излегува во исто време со спот за кој овојпат се погрижија Страхиња и Лео, malosamo & L. Firstner, едни од најбараните момци од соседството кога се во прашање музичките спотови. Видеото е снимано во Studio DVD PLUS/Дизајн на сценска техника.

Во кадрите освен момците се појавува и Миа Гирауд, девојката од филмот „Сестри“, првиот македонски филм што оди на Нетфликс, чие тело благодарение на вештите раце на Bijan Kovski е претворено во вистинско ремек-дело. Во дел од видеото, кое ако се суди според фотографиите навистина ќе биде празник за очите, особено за машката публика, ја има и поранешната водителка Мелита Ракиќевиќ, која после подолго време во „жежок“ стил се враќа на малите екрани, како и Зорица Антиќ, Lоw Z една од најдобрите тверкерки на Балканот и моделите Ангела Грамосли и Јања Станојевиќ.

Направивме одлична соработка со Таско. Имаме супер звук и уникатно видео. Типуваме наЛаваи веруваме дека ќе предизвика вистинска ерупција кај нашата публика, велат Панчо и Андреј.

Facebook Коментари