Ник Вујичиќ, Моби и Карл Кокс во светската ексклузива за роденденскиот викенд на ЕГЗИТ

- Забава
441

Прославата на дваесеттиот роденден на Егзит (Exit) ќе се одржи од 13 до 16 август на Петроварадинската тврдина, но веќе за викендов кој непосредно претходи на годишнината од раѓањето на Фестивалот, 29 јуни, тимот на ЕГЗИТ подготви глобална ексклузива со интернационалниот панел со еден од најпознатите светски мотивациски говорници, авторот на многу глобални бестселери и вистински пријател на фестивалот, Ник Вујичиќ! Во панелот „Активизам – следните 20 години“ ќе учествуваат и основачот на Егзит Душан Ковачевиќ, како и Линдзи Хедли (Lindsay Hadley), една од најбараните светски консултантки на полето на општествениот активизам и соосновач на платформата „Глобал Ситизен“ на чиј хуманитарен фестивал до сега настапија бројни суперѕвезди како Бијонси, Џеј-Зи, групата „Колдплеј“ и Лејди Гага. Домаќин на разговорот кој ќе донесе нов увид во прашањето како да се избориме за подобар свет во иднината, ќе биде Хенри Амар (Henry Ammar), популарниот американски мотивациски говорник, додека пак оваа трибина ќе претставува и старт на платформата „Р:еволуција на свеста“ која ЕГЗИТ ја лансира токму на својот дваесетти роденден.
Специјалното роденденско „B-Day“ издание на ЕГЗИТ ТВ пак, од петок 26 до недела 28 јуни ќе ги претстави апсолутните светски ексклузиви, никогаш досега не емитуваните снимки од фестивалските настапи на музичките гиганти Карл КоксМоби и Бен Клок. Во петок, 26 јуни точно во 20:20 пристигнува антологискиот сет на некрунисаниот крал на Егзит, големиот Карл Кокс снимен минатото лето на Денс Арената, по што, истата вечер следува настапот на резидентот на берлински „Бергхајн“ Бен Клок, снимен на истата грандиозна бина, само година дена порано. Во јули дамнешната 2009 година, едвај десетина дена по објавувањето на албумот „Wait For Me“ публиката на главната бина на Егзит го сведочеше фантастичниот настап на музичкиот генијалец Моби, а во сабота 27 јуни во 20:20ч. сите ќе можат да се навратат на таа незаборавна вечер.
Откако со првото во низата пошумувања ја покрена Зелената Револуција со која борбата за позелен свет штотуку започна, ЕГЗИТ сега ја подигнува и „Р:еволуцијата на свеста“, новата платформа и глобално движење. Секоја позитивна промена во општеството настанува, пред сѐ, како последица на индивидуалната еволуција на свеста. Платформата „Conscious r:evolution“ ќе ги собере некои од водечките глобални говорници, уметници, претприемачи и активисти со цел да се дискутира за можните правци на поединечен и заеднички развој на човештвото.Панелот „Активизам – следните 20 години“ ќе може да се следи во живо во понеделник 29 јуни во 20:20 или потоа на снимката на веб-страницата noopener”>„Фејсбук“ страницата на Егзит Фестивал.

ГОЛЕМА ПРОСЛАВА НА 20 РОДЕНДЕН ОД 13 ДО 16 АВГУСТ

Прославата на дваесеттиот роденден на ЕГЗИТ Фестивал ќе се одржи од 13 до 16 август на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Своите настапи веќе ги потврдија Робин Шулц, Амели Ленс, Пол Калкбренер, Борис Брејча, Артбат, Нина Кравиц, „Тејл Оф Ус“, „Блек Кофи“, „Офенбах“, Бурак Јетер, Диџеј Регард, Рони Сајз б2б Елтиџеј Букем, Медуза, Марсел Детман, „Лајбах“, „Обојени програм“, „Гоблини“, Масимо, Марко Настиќ, „Буч Кесиди“ и многу други, а и нови имиња се очекуваат многу скоро. Во продажба се четиридневните влезници по цена од 3700 ДЕНАРИ, достапни преку официјалната страница >МкТикетс во Македонија, а по рестарт на продажбата, интересот е огромен па во моментов достапна е само четвртина од намалениот капацитет на влезниците!

Facebook Коментари