СП 2019: Македонија го забележа првиот пораз, Хрватска беше подобра

- Спорт
695

Македонска ракометна репрезентација вчера го забележа првиот пораз на Светското првенство во Данска и Германија во дуелот со Хрватска.

Хрватите славеа  со 31:22. Ракометарите на противникот водеа во текот на целиот натпревар, а Македонија во поголем дел од истиот успеваше да се доближи, но не доволно за да израмни или да поведе.

Хрватите имаа голема прецизност и добра одбрана. Вистинска sвезда на натпреварот беше хрватскиот голман Марин Шего кој забележа 13 одбрани.

После овој пораз, нашата репрезентација денеска има слободен ден а утре со почеток во 20:30 часот игра со селекцијата на Шпанија.

Strugaonline

Фото: архива

Facebook Коментари