Македонската фудбалска репрезентација на одличното трето место ги заврши квалификациите за ЕП
Македонската фудбалска репрезентација на третата позиција ги заврши квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи следното лето.

Ова за нашата репрезентација е најдобар пласман во евро-квалификациите воопшто. Оваа позиција, која е голем успех за нашите фудбалери дојде после победата над Израел со 1:0, и комбинаториките на другите натпреварии и селекции беше на наша страна, со оглед на тоа дека Полска беше подобра од Словенија во последната квалификациона рунда.
Следниот натпреваш на нашата фудбалска репрезентација е во март следната година, кога на домашен терен во Скопје ќе ја пречека екипата на Косово во полуфиналето во Лигата на нации.
Strugaonline
фото: aрхива

