Истражување: Зголемената телесна тежина го крати животот

- Здравје
1145

Зголемената телесна тежина е најголема причина за намалувањето на должината на животот – поголем ризик фактор и  од пушењето и хипертензијата.

Според тим американски истражувачи,кои своите откритија ги базирале на податоци на американски државјани од 2014 година, прекумерната тежина доведува до 47% повеќе изгубени години живот во споредба со цигарите, кои за возврат го намалуваат животниот век за речиси толку, колку и високиот крвен притисок, пишува научното списание „Сајанс дејли“.

Според тимот истражувачи најмногу години живот луѓето губат поради прекумерната тежина, дијабетес, пушење, висок крвен притисок и висок холестерол.

Клучен момент во студијата е  фактот дека три од првите пет причини за намалување на должината на животот – дијабетесот, хипертензијата и високиот холестерол можат да бидат третирани.

Научниците предупредуваат дека нивните заклучоци можат да не важат на истиот начин за поединци, откако за човек со прекумерна тежина и проблеми со алкохолот, пиењето може да биде главен фактор за намалувањето на неговиот живот.

 

Facebook Коментари