Стружанецот Ацо Јоноски е еден од помошниците во стручниот штаб на Лазаров

- Спорт
102

Поранешниот успешен ракометар во репрезентацијата на Македонија, Ацо Јоноски е еден од помошниците во стручниот штаб на новиот селектор Кире Лазаров.

„Повикот од Кире се случи после првенството во Египет, кога беше објавено дека Данило Брестовац, наш долгогодишен пријател беше сменет. На Кире му беше понудено селекторското место, веројатно тој си размислувал за кои ќе му бидат негови помошници. За мене тоа е многи важна работа, зошто и јас самиот сум тренер тука во Германија и знам колку е важно да имаш вистински луѓе околу себе. Пред сè да имаш лојални и чесни луѓе кои ќе ја работат задачата дадена од главниот тренер. Важно е кој е првиот тренер, но исто така се важни и помошниците. Добро размислив пред да ја прифатам понудата, чест ми е што Кире Лазаров ме побара за соработник во неговиот тим. Секогаш сум тука за репрезетнацијата и можам да дадам многу, така беше и кога бев играч и сега како тренер“, изјавил Јоноски за 24 ракомет.
Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК 
Извор: 24 ракомет
Фото: архива

Facebook Коментари