Експертите откриваат која ќе биде најбарана професија после пандемијата

- Занимливо
1194

Експертите откриваат која ќе биде најбараната професија на светско ниво, после пандемијата со КОВИД 19.

Програмерите ќе бидат најбараните работници на пазарот за работа, изјавил за порталот  “Gazeta.ru” ,  директорот за дистрибуција на технологија во рускиот Јандекс Григориј Бакунов

„Тоа може да се нарече професијата на иднината. Токму овие експерти ќе го движат човештвото напред“, рекол тој.

Бакунов смета дека ИТ сферата може да се промени заради масовниот број на луѓе кои работат од далечина заради епидемијата на коронавирусот, пренесува Спутник.

„Пандемијата покажала дека програмерите многу добро работат и на далечина. Со тоа, луѓето кои живеат во зафрлени региони и мали градови имаат поголема шанса да работат добро во сериозни компании“, рекол експертот.

Минатата недела, експертите од Институтот за прогресивно образование соопштиле дека по пандемијата веројатно ќе бидат барани советници за кризи, експерти за дигитализација, како и експерти за управување со времето.

Facebook Коментари