ТОП Вести

Оксфорд: „Вакцина“ е најупотребуван збор оваа годината

- Занимливо
164

Поимот „vax“ и изведенката „vaxxed“ ( „вакцина“ и „вакциниран /-а, -о, /-и“) се избрани за поим на годината, според лексикографите на Оксфордскиот речник на англискиот јазик (ОЕД), јавува Би-би-си.

Употребата на зборови поврзани со вакцините нагло се зголеми во 2021 година поради Ковид-19, при што особено често се користат помите „двојно вакцинирани“, „невакцинирани“, „антиваксери“ итн. Главната уредничка на ОЕД, Фиона Мекферсон смета дека, бидејќи „оставил највпечатливо влијание во општеството“, зборот бил нивниот очигледен избор.

– Популарноста на овој збор датира, барем, од 1980-тите, но според нашиот корпус, тој ретко се користеше до оваа година, вели Мекферсон. – Додадете го на таа разновидност и зборот „vaxxie“ (самослик додека ја примате вакцината), „vax-a-thon“ (масовна вакцинација), „vaxinist“ (оној што се фали дека примил вакцина и ја промовира на различни начини) – па, станува јасно зошто зборот „вакс“ е тој што се издвојува од купот други зборови, објасни таа.

 

 

Facebook Коментари

error: