Клиничките испитувања покажале дека дексаметазонот е ефикасен при лекување од КОВИД 19

- Здравје
724

Светската здравствена организација денеска  објави дека ќе ги ажурира своите упатства за третман на пациенти со КОВИД 19 со цел да се отсликаат и резултатите од клиничките испитувања кои покажаа дека евтиниот стероид дексаметазон може да им помогне на луѓето со потешки заболувања.

Според резултатите од студијата дексаметазонот, ја намалил стапката на смртност кај најтешко- болните пациенти со КОВИД 19 примени во болница.

Клиничките упатства на СЗО за третман на пациенти заразени со коронавирус вирус се насочени кон лекарите и другите здравствени работници и се наменети за користење на најновите податоци за тоа како најдобро да се справуваат со сите фази на болеста.

Резултатите од истражувањето за употреба на дексаметазон се прелиминарни, но истражувачите сугерираат дека лекот треба веднаш да стане стандардна грижа за најсериозно болните пациенти.

Според првичните резултати од истражувањето, за пациенти на респиратори, третманот ја намалил стапката на морталитет за третина, а кај пациенти кои примаат само кислород, смртноста е намалена за една петтина.

Facebook Коментари