Еден од настапите кој дефинитивно ќе ја одбележи четвртата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“ е изведбата на Стеван Анџелковиќ на прекрасната „Игри без граници“ од Тоше Проески. Анџелковиќ навистина доби тешка задача, но беше и на висина на истата. Емоциите си го направија своето, „Ти благодарам Стеване што нè потсети на еден од најголемите вокали на сите времиња на овие простори, жалосно што почина толку рано. Не го може тоа секој, ти навистина имаш ангелски глас и ни пренесе емоции со тие твои феноменални висини. Бескрајно уживав во твојот настап. Ти благодарам“ – рече Бранко Ѓуриќ Ѓуро. Солзи но и насмевки имаше и во публиката додека Стеван ја пееше тажната балада на нашиот Тоше.
Доколку сте го пропуштиле овој настап, погледнето го на видеото подолу.
Strugaonline
Facebook Коментари