Македонија домаќин на 24 Светско јуниорско првенство во женска конкуренција

- Спорт
214
 Од 19 до 30 јуни Македонија ќе биде домаќин и организатор на 24 Светско јуниорско првенство во женска конкуренција. Ова ќе биде вториот мундијал за ракометарки до 20 години на кој ќе учествуваат 32 репрезентации, соопшти денеска Ракометната федерација на Македонија.
На ждрепката што се одржа во Германија на 13.04.2024, најдобрите светски селекции беа поделени во осум групи со по четири тима и тие ќе играат меѓусебе во Прелиминарната рунда.
По комплетирањето на трите кола, двете подобропласирани екипи ќе продолжат во Главната рунда, двете послаби ќе играат во Президент Куп.
-Потоа од главната рунда, по две селекции од група ќе се пласираат во 1/4 финалето и ќе продолжат во елиминациите за медал, сите други репрезентации ќе разигруваат за пласман.
Натпреварите од Светското јуниорско првенство ќе се играат во три сали во Скопје.  Салата „Борис Трајковски“ ќе биде домаќинот на македонската репрезентација, а таму ќе се играат и натпреварите од финалниот ден, заклучно мечот за златен медал. Натпревари ќе се играат и во двете сали во спортскиот центар „Јане Сандански“. Првенството почнува симултано во двете главни сали.-стои во информацијата од РФМ.
На 19 јуни со почеток од 09:00 часот во „Борис Трајковски“ ќе се соочат екипите на Кореја и Мексико, а во големата сала во СЦ „Јане Сандански“ во исто време ќе почне мечот меѓу Унгарија и Аргентина. Еден час подоцна, од 10:00 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ ќе се сретнат репрезентациите на Швајцарија и Тунис.
Натпреварите од Прелиминарната рунда ќе се играат во термините од 09:00, 11:00, 13:30, 15:45, 18:00 и 20:15 часот.
Македонската репрезентција својот прв натпревар, против САД, ќе го игра со почеток од 20:15 часот.
Од 19 до 30 јуни, најдобрите светски репрезентации во Скопје ќе одиграат вкупно 112 натпревари.
Актуелен светски јуниорски првак е Норвешка.
Strugaonline

Facebook Коментари