,,Ќе преживеам“-нова песна на Александар Тарабунов и Димитар Андоновски

- Музика
313

„Ќе преживеам“ е насловот на новата, дуетска песна на Александар Тарабунов и Димитар Андоновски. Станува збор за брза песна која претендира да стане вистински летен хит.

Дуетот доаѓа како резултат на долгогодишна соработка и пријателство и всушност значи остварување на нивните дамнешни планови, но е и најава за она што ќе следува од нив во периодот кој доаѓа.

„Песната се создаде спонтано додека лежев на плажа. Добив идеја за еден дел, потоа седнавме со Диме и буквално во еден ден идејата се претвори во музика и текст. Велат, кога нешто што ќе го направиш ти се допаѓа значи дека е добро, е нам песнава ни се допаѓа“, рече Тара на денешната промоција. 

За песната е снимено и видео работено под палката наВладислав Гавриловски,а кадрите се снимени во винаријата „Кралица Марија“ во Демир Капија.

 Mора да се избориме за македонската музика. Мораме и да вложуваме и повеќе да ја цениме, затоа што тоа сме ние“, едногласни се Димитар и Александар. 

 

Strugaonline

Facebook Коментари