Аријана Гранде најави дека ќе се врати во Манчестер да пее за хуманитарни цели

- Музика
963

После неколку дена од терористичкиот напад кој се случи во Манчестер, а беше фатален по животот на 22 лица, големата sвезда Аријана Гранде после чии што концерт се случи трагичниот настан  преку отворено писмо им се обрати на своите фанови и на сите засегнати од трагедијата.

Во текстот објавен на Twitter, Аријана Гранде испраќа јасна порака дека омразата нема да победи, и дека таа ќе се врати во Манчестер да пее од хуманитарни побуди за семејствата на загинатите, повредените како и нивните семејства.

Во дел од писмото наменето за сите фанови стои:

„Ќе се вратам во неверојатно храбриот град Манчестер за да поминам време со моите фанови и да одржам хуманитарен концерт во чест на жртвите и нивните семејства и да соберам средства за нив. Сакам да им се заблагодарам на моите колеги музичари и на пријателите кои ме контактираа за да бидат дел од покажувањето на љубов за Манчестер. Ќе ви ги споделам деталите штом ќе биде сè потврдено.

Од првиот ден кога започнавме да ја планираме турнејата „Dangerous Woman“, реков дека ова шоу пред сè има цел да биде безбедно место за моите фанови. Место каде ќе можат да избегаат, да прослават, да се излекуваат, да се чувствуваат безбедно и да бидат она што се. Да ги сретнат пријателите кои ги запознале онлајн. Да се изразат себеси.

Ова нема да го промени тоа.

Кога ќе погледнете во публиката на моите концерти, ќе видите прекрасна, разнородна, искрена, среќна толпа. Илјадници лица, неверојатно различни, сите собрани таму поради иста причина, музиката.

Музиката е нешто што на сите на Земјата им е заедничко.

Музиката треба да нè излекува, да нè спои и да нè усреќи.

Па, тоа е она што ќе продолжи да го прави за нас.

Ќе продолжиме во чест на оние кои ги загубивме, нивните најблиски, моите фанови и сите засегнати од оваа трагедија.“

Отвореното писмо на големата sвезда има околу 400 илјади ретвитови и речиси 900 илјади допаѓања.

 

Facebook Коментари