Моќно и емотивно: Наташа Малинкова Ви ја претставува „Кога не си ти до мене“ заедно со видео спот

- Музика
1195

„Кога не си ти до мене“  е најновата поп и R’N’B  балада на Наташа Малинкова за која беше изработен и видео спот. Песната и видео записот на Малинкова премиерно се објавени на интернет каналот Youtube. Видео приказната  е снимена  во винаријата Queen Marija во Демир Капија и на преубавиот снежен Пелистер.

Автор на музиката и текстот е Столе Аврамов кој како засилување во изработката на аранжманот го имаше и Зоран Алексиќ, а во студиото „Yard“ исто така Аврамов и Алексиќ заедно работеа и на продукцијата на песната.

За  снимањето на спотот беа задолжени тимот на „Pinestel“ продукција.

„На комплетната изработка на „Кога не си ти до мене“ се работеше трпеливо за да бидат правилно избрани, реализирани и финализирани зацртаните идеи за ова за нас посебно музичко парче. Велат дека тимот кој победува не се менува, затоа и овој пат работевме со истиот проверен музички тим кој создаде хитови на кои сме особено горди, а веруваме дека токму тоа ќе се случи и со „Кога не си ти до мене“, вели Наташа Малинкова.

Особено впечатлив е моментот на костимографијата и целокупниот стајлинг на Нашата во спотот, а за истиот за првпат имаат соработка со модната куќа „Елена Лука“. За останатиот дел од стајлингот пак, како шминка и фризура,  беа задолжени Марија Лазов и Валентина Доневска.

Strugaonline

Facebook Коментари