Околу 1.000 Македонци ќе има на трибините во Минхен

- Спорт
611

Македонија ќе игра пред полни трибини во Минхен во групната фаза од Светското првенство во ракомет што почнува за два дена. Според информациите од Германија сите натпреварувачки денови од групата во Минхен се распродадени и веќе нема слободни билети.

Само од Македонија се очекува да има околу 250 навивачи кои досега обезбедиле билети и сместување за да ги следат натпреварите од првата фаза. Македонските здруженија од Германија, Австрија и Швајцарија исто така веќе се имаат огранизирано и тие исто така ќе бидат на трибините.

Оптимистичката варијанта е дека околу 1.000 македонски навивачи ќе има на трибините кои сигурно ќе бидат гласни во поддршката што ќе ја дадат на македонскиот тим.

Македонија својот прв меч го игра на 11 јануари во 15 часот против Јапонија. На 13 јануари играме со Бахреин, а на 14 јануари со Хрватска. Во последните две кола се среќаваме со Шпанија на 16 јануари и на 17 јануари во последното коло играме со Исланд.

Првите три репрезентација од секоја група продолжуваат во следната фаза и ќе разигруваат за пасман од 1 до 12 место. Другите ќе разигруваат во Президент Купот за пласман од 13 до 24 место.

Извор: 24 Ракомет

фото: архива

Facebook Коментари