Средбата Војводина – Вардар се игра денеска во 17,15 часот

- Спорт
545

Вардар на гостување  во Нови Сад денеска ќе ги почне натпреварите во СЕХА Газпром лигата. Треба да се одиграат последните пет кола од регуларниот дел на сезоната по што ќе се одиграат и Ф4 натпреварите. Вардар е на чекор до теоретски пласман на Ф4 турнирот, и моментно е на делба на првото место на табелата со 33 бода, исто колку и Нексе и ППД Загреб.

Поголемиот дел од играчите беа дел од СП во Германија, и само една недела имаа време за воигрување. Вуко Борозан, Сергеј Горбок, Калифа Гедбан и Рожерио Мораеш ги пропуштија тренинзите бидејќи работат според посебна програма као дел од рехабилитацискиот процес

“Ова е нашиот прв натпревар по паузата од Светското првенство. Сигурно е дека ќе биде тешко, бидејќи ние не трениравме заедно долго време. Мојот план е повеќе да ги користам оние кои не играаа на СП, но исто така сакам сите да добијат шанса да играат. Во моментов не сме сигурни, ќе видиме после последните тренинзи како ќе изгледа тимот. Секогаш кога ќе играме, треба да играме добро и што е можно поскоро, треба да се подготвиме за СЕХА-лигата и за Лигата на шампионите, вели Роберто Парондо, тренерот на Вардар.

За Нови Сад не отпатува ниту Игор Карачиќ. Тој доби неколку слободни денови по завршувањето на СП, и од утре ќе продолжи со тренинзи во Скопје. По враќањето на екипата потоа заедно ќе тренираат за следните предизвици.

За Вардар сега е важно да се освојуваат бодови и да се подига формата пред следните средби од ЛШ против Веспрем и Кристијанштад во февруари и против ППД Загреб во СЕХА лигата.

“По СП сите тимови имаат проблеми со враќањето во форма. За нас е многу важно да победиме на овој натпревар, а квалитетот на игра е на второ место. Многу од играчите кои играат за своите национални тимови се уморни, некои се повредени, и од таа гледна точка, Војводина ја има предноста да има време да се подготви. Но, без оглед на сè, ние сме Вардар и одиме до победа во секој натпревар, без оглед на противникот “- изјави Тимур Дибиров.

Средбата Војводина – Вардар е закажана за денеска во  17,15 часот со пренос на МТВ.

Извор и фото: РК Вардар

 

Facebook Коментари