Годишна забава на Скопскиот џез фестивал со концертни настапи на квартетот на Џоле Грујовски и бендот Fierce

- Забава
658
Во четврток (24. јануари) во МКЦ Клуб и Ресторан ќе се одржи традиционалната јануарска годишна забава на Скопскиот џез фестивал на којашто ќе бидат промовирани новите календари на СЏФ за 2019 година, а со свои настапи ќе се претстават квартетот на џез-гитаристот Џоле Грујовски, како и џез-составот Fierce.

ЏОЛЕ ГРУЈОВСКИ КВАРТЕТ

Џоле Грујовски – гитара
Филип Димишковски – клавијатури
Оливер Јосифовски – бас
Aлександар Ванчовски – тапани

Џоле Грујовски е џез гитарист, композитор, продуцент и аранжер. Дипломирал класична гитара на музичката академија „Панчо Владигеров“ во Софија. Веднаш по враќањето во Скопје, членува во Биг бендот на МРТВ. Во својата богата музичка кариера, бележи соработки со Џијан Емин, Проект Жлуст, Бодан Арсовски, Симон Киселички, Браќата Тавитјан и други. Минатата година го објави својот прв албум “Reflections” (ZJM), своевиден сублимат на една долгогодишна акумулација на музички па и животни искуства стекнати во текот на неговиот живот. Албумот влезе во листата на 30 најдобри регионални џез-албуми во 2018-та на интернет-порталот trecisvijet.com.
FIERCE

Горјан Стојменовски – гитара
Виктор Филиповски – тапани и перкусии
Марко Василевски – контрабас
Борислав Веселинов – алт саксофон
Сенад Усеин – труба
Изразот на Fierce е инспириран од потребата за музички и општествени промени во македонското конзервативно општество. Претставува звук и форма на современ џез, создадени од млада генерација на македонски музичари, со иновативни мелодии, рифови и ритмови.
Почетокот е закажан за 21:00 часот во МКЦ Клуб & Ресторан

Strugaonline

Facebook Коментари